Гарантирам дека 99% од населението во Скопје нема поима дека во еден музеј во Скопје во моментов може да види дела на:
Притоа влезот е бесплатен. Ама јас решив дека ќе се потрудам да ги натерам сите да одат во музеи така што ќе им објасам што постои во Скопје и на што треба да се горди.
Одиме со нишка околу делата.
Ова што го гледате на сликиве е Адам од Македонија или Адам од Говрлево - назив на мала керамичка фигура на машко торзо.
Датира од неолит односно од 5000-5500 години пред наша ера. Светски научници го прогласија за “милениумско откритие”. Постаро е и од пирамидите и Партенонот.
A еве што вика и ВВС - Адам од Говрлево се смета за едно од најважните човечки откритија.
Епа токму тоа откритие скопјани може да го видат во музеј во Скопје потполно БЕСПЛАТНО. Но скопјани не се информирани и свесни за ова.
Скопјани во истиот тој музеј може да ги видат и овие артефакти.
Римски бокал што датира од прв век, делови од столбови од Рим од втори и трети век…
За да видам слични артефакти во Рим имам платено карта во музеј 20 евра. Таму имаше избршано прашина
Епа лево од овие артефакти и оваа скулптура може да се види.
Сакате модерна уметност, ова ви е досадно?
Горе по скалите па лево еден до друг дела на Лазар Личеноски и Никола Мартиноски ги красат ѕидовите на овој прашлив музеј.
Плус едно 50 дела од уметници од цел свет кои ја сликале Македонија.
Скопјани поима немаат дека во истиот тој музеј е закачено и дело од Марина Абрамович, за мене можеби едно од најдобрите кои може да ги видите од неа.
Но, скопјанецот ја гледа фотографијава и си вика:
ОК, и? Што има тука фасцинантно?
Епа јас ќе ви објасанам дечки.
Не ме мрзи.
Епа вака: Ова се Марина Абрамовиќ и Улај, познат уметнички и љубовен пар, кои беа заедно од 1976 до 1988. Нивните интензивни перформанси се базираа на истражување на човечката интимност, довербата, емоциите и границите помеѓу двајца луѓе. Ова се некои од нивните перфоманси.
Во 1988 година Марина и Улај решаваат да го завршат својот 12 годишен професионален и љубовен однос со перформанс на кинескиот ѕид (да биде потрагично, тој перформанс првично е замислен како нивна венчавка, но љубовницата на Улај останува трудна и мораат да се разделат).
Тие тргнуваат од спротивни краеви на Кинескиот ѕид: Абрамовиќ од жолтото море на исток, Улај од планината Гоби на запад.
По 90 дена и изминати околу 2.500 километри, тие се среќаваат на средината, во провинцијата Шанси каде се прегрнуваат и официјално се разделуваат.
Патувањето било тешко и физички и психички.
Се соочиле со самотија, напорен терен, долги часови пешачење во тишина. Целиот перформанс е полн значење: љубов, разделба, време и простор како уметнички елементи. Ова остава траен белег во нивните животи но и во светската уметност.
Официјалните фотографии од патешествието и овој перформанс се вкупно 10 и истите се дополнети со нивни лични цртежи.
Првата слика во вториот ред е во наш музеј во Скопје.
За жал, ако го немате контекстот што ви го дадов, вие нема да го разберете значењето на делото.
Според мене, обврска на секој музеј е да даде контекст на секое дело, со цел да се поврзете со истото, сами да го протолкувате но и да ги разберете мотивите на авторот.
Но ова е описот:
Уметноста треба да е достапна за сите. Не елитистичка.
За да видите вакви дела странски музеи наплаќаат прескапи билети, кај нас ја имате таа можност бесплатно, ама џабе ако не знаете што стои пред вас.
Мене не ме мрзи да ви дадам контекст и значење, но музејот потфрли.
Музејот каде може да ги видите сите овие дела е МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ.
Музејот на Град Скопје во 2025 година нема веб страна, ни социјални медиуми за да скопјани се информираат за ова.
Затоа и скопјани немаат поима што се го краси овој прашлив но значаен музеј.
Посети и сподели!